Владини интернет-страници на Северната Територија

Дознајте како да пристапите до владини услуги користејќи ја интернет-страницата nt.gov.au.

Што можат да направат владините услуги за мене?

Освен за да управувате со вашите лични податоци, можете да ги користите владините услуги за да:

  • заштедите пари пријавувајќи се за попусти
  • се пријавите за попусти или картички за попусти
  • најдете загубени пари
  • да проверите кога треба да ја обновите регистрацијата на вашето возило.
Владини интернет-страници на Северната Територија

Како да пристапам до владини електронски услуги?

nt.gov.au има информации за сите услуги во Северната Територија и ви овозможува директен пристап до тие услуги.

Ако имате тешкотии со која било владина интернет-страница, можете да го повикате Телефонскиот центар на владата Северната Територија (Northern Territory Government switchboard) на 08 8999 5511 од 9-17 часот и да разговарате со претставник кој ќе ви помогне да го најдете она што ви треба

nt.gov.au и вашите лични податоци

Можеби ќе треба да внесете лични податоци кога:

  • плаќате за нешто, на пример регистрација на возило
  • се пријавувате на олеснување или попуст
  • пополнувате електронски образец, како образец за промена на адреса.

Некои од вашите лични податоци можеби ќе се зачуваат, но само кога:

  • сте се согласиле вашите податоци да се зачуваат
  • закон на Северната Територија дозволува локацијата да ги складира податоците.

За да најдете повеќе информации за вашата приватност, прелистајте до долниот дел на почетната страница на nt.gov.au и кликнете на Авторски права, откажување од одговорност и приватност (Copyright, disclaimer and privacy).

Што да правите ако се загубите

Ако не сте сигурни каде се наоѓате, напишете nt.gov.au во лентата за пребарување на веб-прегледувачот и притиснете на копчето Enter на тастатурата. Ова ќе ве врати на главната интернет-страница на владата на Северната Територија.

Пристап до услуги преку nt.gov.au

За да пристапите до некоја услуга, побарајте ја мрежата со категории на почетната страница на nt.gov.au. Кликнете на некоја категорија за да видите една нова страница што ги покажува услугите во секоја категорија. На почетокот на секоја страница на категорија се вклучени некои од Најпопуларните (Most popular) услуги. Кликнете на некоја услуга за да отворите нова страница и да дознаете повеќе информации.

Примерите за некои од услугите до кои можете да пристапите вклучуваат:

  • возење и транспорт
  • раѓања, смртни случаи и бракови
  • законски постапки
  • домување и имот

Некои од услугите што се набројуваат на nt.gov.au се вдомени на други владини интернет-страници. Можете да забележите дека се врши пренасочување на друга интернет-страница кога врската има мала икона (small icon) на квадрат со стрелка што е насочена надвор од него. Ако во моментот не сакате да се префрлите на друга интернет-страница, кликнете на копчето Назад (Back button) во веб-прегледувачот.

Како да најдете заштеди на nt.gov.au

На nt.gov.au постојат голем број информации како можете да заштедите на секојдневните сметки со користење на владините попусти. Напишете попусти (concessions) во лентата за пребарување што се наоѓа во горниот дел на локацијата за да видите список со резултати.

Пристап до Програмата за попусти на Северната Територија

На почетната страница на nt.gov.au најпрво кликнете на Поддршка и грижа за заедницата (Community support and care), потоа Попусти и плаќања (Concessions and payments) и на крај Програма за попусти на Северната Територија (NT Concession Scheme). Тука можете да најдете попусти за:

  • струја
  • вода и комунални услуги
  • возачка дозвола на Северната Територија и регистрација на возило
  • очила

Како да најдете цени на гориво во вашата близина

Владата на Северната Територија создаде интернет-страница наречена MyFuelNT, за да ви помогне да ги најдете најниските цени на гориво во ваша близина. Интернет-страницата е myfuelnt.nt.gov.au.

  • Внесете го вашиот поштенски број (postcode) за да ги видите цените на гориво во вашата област
  • Кликнете на Гориво во мојата близина (Fuel near me) за да ги видите цените во близина на вашиот дом. Ќе треба да му дадете дозвола на вашиот веб-пребарувач да ја дознае вашата локација.
Безбедно е да ѝ дозволите на FuelWatch да ја знае вашата локација, бидејќи интернет-страницата нема да ја зачува кога ќе престанете да ја користите и кога ќе го затворите веб-прегледувачот.

Како да најдете попусти на nt.gov.au

За да најдете попусти на nt.gov.au, напишете попуст (rebate) во лентата што се наоѓа во горниот десен дел на почетната страница и притиснете на Enter. На интернет-страницата ќе видите список со страници што се однесуваат на попусти, но исто така можете да изберете да ги видите и попустите на другите владини интернет-страници на Северната Територија.

Кликнете на резултатите од пребарувањето за да ја посетите таа страница и да дознаете повеќе за попустот.

Како да најдете загубени или непобарани пари

Интернет-страницата MoneySmart на Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) на адресата moneysmart.gov.au ви помага да побарате загубени пари. Ова може да се однесува на загубени банкарски сметки, акции, инвестиции и полиси за осигурување на живот. Интернет-страницата MoneySmart исто така објаснува како да ја користите my.gov.au и ATO за да побарате загубени придонеси за старосна пензија.